Loading Video...
Кошарка
10. May 2019 - 9:38

Портланд и Филаделфија се изборија за „мајсторки“

Екипите на Портланд и на Филаделфија ги задржаа шансите за пласман во конференциското финале, откако славеа победи на шестите натпревари во четвртфиналето од НБА плејофот.
 
Филаделфија беше поуспешна од Торонто со 112:101 и го израмни резултатот на 3-3 во победи.
 
 Дури шестмина играчи во победничката екипа имаа двоцифрен број на постигнатги поени, а најзабележителен беше Џими Батлер кој покрај 25-те поени имаше и 8 асистенции и 6 скокови. Бен Симомнс пак средбата ја заврши со 21 поени, 6 асистенции и 8 скокови.
 
Решавачкиот седми меч ќе се игра во Торнонто, ноќта меѓу недела и понеделник во 1 часот по полноќ.
 
Во истиот термин својот седми меч ќе го одиграат Денвер и Портланд, откако синоќа Портланд го доби шестиот меч со 119:108, со што го израмни резултатот на 3-3 во победи. 
 
Досега само тимот на Милвоки обезбеди конференциско финале и тоа на истокот, а на чекор до финалето на западот е шампионот  Голден Стејт кој против Хјустон има предност од 3-2 во победи.