Свет
19. March 2016 - 10:08

„Порше“ ги наградува вработените со бонуси од речиси 9.000 евра

Раководителите на германската автомобилска индустрија решија да ги наградат своите вработени со бонуси од неверојатни 8.911 евра.

Овие средства ќе се делат на два дела, од кои едниот во висина од 8.211 евра ќе биде уплатен дирекно на трансакциските сметки на вработените, а остантите 700 евра ќе бидат префрлени во нивните пензиски фондови. 

Одлуката за вонредните бонуси е донесена поради добрите финансиски резултати на компанијата во текот на минатата година.

Имено, „Порше“ лани продал над 225.000 автомобили, што претставува раст на продажбата за 19 отсто во однос со 2014 година. Вкупните приходи на компанијата лани се зголемени за 25 проценти на годишно ниво, на 21,5 милијарди евра.