Свет
5. October 2015 - 9:41

Порошенко: САД ќе и испратат ново оружје на Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека САД му ветиле оти ќе ја опремат армијата на Укрина со ново оружје. 

- Додека бев во Њујорк, три пати се сретнав со американскиот претседател Барак Обама - пред и по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и по разговорите со американскиот потпретседател Џозеф Бајден. Тој ми рече дека потпишал документ за снабдување на Украина со ново оружје, изјави Порошенко.

Според него, на Украина и е потребно ново оружје, како што на луѓето им е потребен воздух.

Засега нема реакции на Вашингтон на најавите на Порошнеко за испраќање на оружје за украинската армија.

Пооршенко воедно изјави и дека очекува оти на 15 октомври Украина ќе биде избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН со мандат во следните две години.