Порошенко ги повика НАТО и ЕУ да понудат перспектива за членство на Украина
Претседателот на Украина Петро Порошенко ги повика НАТО и ЕУ да понудат на неговата земја перспектива за членство во двете организации, и покрај противењето на Русија, јави ДПА.
Пред учесниците на Конференцијата за безбедност во Минхен Порошенко ја опиша својата земја како „штит и меч" за Европа и рече дека членството во ЕУ и во НАТО ќе донесе повеќе придобивки за европската безбедност.
Порошенко изјави дека проширувањето на ЕУ и на НАТО кон исток, исто така, може да биде и соодветната реакција на руската „агенда на лаги, насилство и кршење на човековите прави и на владеењето на правото и демократијата".
Украинскиот претседател изјави дека единствената порака до Москва денес треба да биде дека цената за нејзината агресија ќе продолжи да се зголемува се додека руските војници не се повлечат од Донбас и Крим.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна