Балкан
12. November 2016 - 10:20

Поројните дождови предизвикаа поплава во Риека

Дождот кој вчера непрекинато врнеше, во Риека предизвика бројни проблеми, а улиците се целосно поплавени.

Од голем број улични шахти избива вода, а на социјалните мрежи се појавија бројни видеа и фотографии кои тоа го илустрираа.

Поројните дождови предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, а на некои места водата е до колена, пренесува Индекс.