Балкан
7. October 2018 - 14:46

Пороен дожд го поплави Сплит: Улиците ги претвори во базени, поплавена и Диоклецијановата палата

Силен дожд кој паѓа од саботата навечер предизвика бројни проблеми во Сплит и околината, а одредени делови од градот се претворија во базени со вода поради што сообрааќјот е отежнат.

Според податоците на мерната станица Крометео во последните 24 часа паднале 57 литри дожд по квадратен метар, од кои 48 од полноќ, пренесува Слободна Далмација.

Како што се наведува, водата ги поплавила подрумите на Диоклецијановата палата, а на одредени делови од патот паѓале камења.

Одредени делови од градот останале без струја, поради што не работели ни семафорите.

Како што пренесува порталот net.hr, пожарникарите направија неколку интервенции на испумпување на вода, како и дека се запалиле инсталации во една од сплитските улици.