Живот
28. July 2016 - 15:19

Порно глумицата Миа Калифа заминува во „пензија“

Либанката Миа Калифа (23), најпознатата порно глумица на денешнината или, како што  гласи нејзиниот епитет - „Кралица на Порнхуб“, ги растажи љубителите на овој жанр со тоа што реши да се повлече од овој бизнис.

- Ми здодеа. Тоа беше веројатно мојата „бунтовничка фаза“. Порно филмовите веќе не се за мене. Сега сакам да го подобрам својот имиџ и да се оттргнам од сето тоа, рече актерката за „Вашингтон пост“.

Таа сега ќе се посвети на спортот. Има намера да ја искористи својата слава и популарноста на социјалните мрежи во полза на промовирање и популаризирање на нејзините омилени спортски клубови.

Миа, која во САД се доселила како тинејџерка, е една од најомилените, најбараните, најпребаруваните порно ѕвезди, но и една од најомразените. За разлика од остатокот од светот, во нејзината родна земја Либан таа е доста непопуларна.

На многумина им е тешко да поверуваат дека оваа млада актерка се занимава со овој занает само една година, и за тоа време постигна планетарна популарност.