Кошарка
6. July 2017 - 9:24

Пораз на младата кошаркарска репрезентација од Ромaнија

 
 
 Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 20 години) е поразена од врсниците од Романија. Откако македонските младинци ги победија Романците со 76:65 во првиот меѓуебен дуел, во вториот црвено-жолтите беа поразени со 85:66 по четвртини 8-17, 21-20, 23-20 и 25-17. 
 
Тројца македонски репрезентативци средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу 18 имаше Михајло Митев, додека Стефан Глигориевиќ постигна 13, а Виктор Ефремовски беше стрелец на 10 поени.
 
Ова беше и последна контрола за избраниците на селекторот Мирко Петрески, кои на шампионатот во Ородеа ќе отпатуваат следната среда, а таму ќе играат во Ц група против домаќинот Романија, Грузија, Малта и Албанија против која на 15 јули ќе го имаат првиот настап.