Поранешни вработени во „Охис“ на средба со министерот Шапуриќ
Претставници на поранешни вработени во АД „Охис“ кој е во стечај денеска во Владата на Република Македонија имаа средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ.
Од Кабинетот на министерот Шапуриќ информираа дека по барање на вработените во „Охис“ денеска им биле презентирани извештајот од електронската продажба на недвижниот и движниот имот од стечајната маса на компанијата и Планот за авансна распределба на парични средства на доверители.
– Им беше објаснето дека согласно Законот за интегрирана наплата на плата и придонеси од плата, следува да се изготват нови пресметки на плата и придонеси од плати на вработените со цел намирување на побарувањата на доверителите, наведуваат од Кабинетот на министерот Шапуриќ.
По барање на вработените, министерот Шапуриќ им ветил дека во рамки на неговите надлежности ќе се заложи да остварат средба со Народниот правобранител и претседателот на Основниот суд Скопје два.
Ова е осма средба на поранешни вработени од „Охис“ со владини претставници. На последниот состанок тие побарале подетални информации за продажбата на „Охис“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок