Поранешни пратеници сведочеа за настаните на 27 април
Собраниската седница на 27 април 2017 по барање на СДСМ, била закажена да продолжи на следниот ден 28 април. Ова денеска на судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, го изјави сведокот Стојан Миланов, заменик претседавач на седницата, кој истакна дека тоа барање било прифатено од претседавачот Трајко Велјановски, сега обвинет како еден од организаторите на насилните настани во законодавниот дом.
– Одговорно тврдам дека не сум имал никаква информација за тоа што се случи на 27 април. Исто така немаше никаква организација од Кратово, од страна на Социјалистичка партија на Македонија, за 27 април, рече сведокот Миланов, кој е актуелен пратеник во Собранието. Во своето искуство како пратеник тој додаде дека не се сеќава некогаш да се прекине расправа за одредена точка во Собранието, и да се продолжи со друга точка на дневен ред.
Сличен исказ пред судот даде и сведокот, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, кој истакна дека само еднаш присуствувал на протестите организирани од „За Заедничка Македонија”.
– Тие протести во тој период ги поддржував. Индивидуално еднаш присуствував. Со лицата Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, не сум имал никаков контакт. За ,,Тиранска платформа” се дискутираше меѓу пратениците и во медиумите, изјави сведокот Змејковски.
На денешното рочиште беше предвидено како сведок да се појави и актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, но заради неговите дневни обврски и претходните сведоци во случајот за „организаторите на 27 април”, тој ќе сведочи на некое од наредните рочишта. Спикерот Џафери како сведок во овој предмет е предложен од страна на одбраната на обвинетиот Трајко Велјановски.
Предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово