Поранешен телохранител на Бин Ладен префрлен од Гвантанамо во Црна Гора

Поранешниот телохранител на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, Абдел Малик Вахан ал Рахаби е префрлен од затворот во американската воена база Гвантанамо во Црна Гора, објавија денеска подгоричките медиуми, повикувајќи се на извори во Пентагон.
Според истите извори, Јеменцот Рахаби бил префрлен во Црна Гора, откако „ја променил својата свест по 14 години минати во Гвантанамо“.
Пред заминувањето, тој изјавил дека сака да го заборави своето минато и да почне да гради нова иднина заедно со сопругата и ќерката.
Против Рахаби никогаш не беше покренато официјално обвинение иако мина 14 години во затворот во американската воена база на Куба. Неговото ослободување беше одобрено во 2014 година, откако беше оценето дека тој не претставува закана за безбедноста на САД.
Според „Њујорк Тајмс“, Рахаби бил телохранител на поранешниот лидер на Ал Каеда, Бин Ладен, со кого бил и во роднински врски. Тој е уапсен во декември 2001 година заедно со група од 31 припадник на Ал Каеда,
Рахаби е втор затвореник од Гвантанамо, кој е префрлен во Црна Гора.
Ново на Сител
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Во Владата прес-конференција на министерот за здравство и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-

МФ ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
-

Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја
-

ЕУ планира воведување царини за нарачките преку Тему, Шеин и АлиЕкспрес
-

Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи
-

Наутро ведро и студено, преку ден до 20 степени
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
