Поранешен шеф на МИ-6: Кина првично ја криеше епидемијата на коронавирусот
Кина скри од останатиот свет исклучително важни информации за епидемијата на новиот коронавирус и затоа треба да одговара за својата измама, изјави поранешен началник на британската служба за надворешно разузнавање МИ-6 Џон Соурс.
Соурс, кој беше шеф на МИ-6 од 2009 до 2014 година, изјави дека е подобро да се бара одговорност од Кина, отколку од Светската здравствена организација (СЗО).
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го запира финансирањето на СЗО, која, според него, ширела кинески „дезинформации“ за вирусот.
– Во Америка има голем гнев поради тоа што, според нив, Кина ни го направи на сите нас, а Кина се извлече од многу голем дел од одговорноста за појавата на вирусот, затоа што од почетокот не се справи со него, изјави Соурс за Би-Би-Си.
– Разузнавањето служи за тоа да се здобиеш со информација која други држави или играчи ја скриле од тебе. Во декември и јануари имаше кус период, во кој Кинезите го криеја тоа од Западот, додаде поранешниот шеф на МИ-6.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар