Порака од претседателот Пендаровски по повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик
Претседателот Стево Пендаровски, по повод 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, упати порака до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.
- Ромскиот јазик е значаен дел од идентитетот на ромскиот народ. Тој претставува сведоштво за историјата на ромската заедница и придонесува во зачувувањето на нивната уникатна култура којашто со своите карактеристики ја збогатува севкупната културна ризница во нашата држава. На Светскиот ден на ромскиот јазик, го истакнуваме значењето на негувањето на ромскиот јазик како чувар на традицијата, фолклорот и културата. Прикажувајќи ја суштината на ромскиот начин на живот, нивните приказни и нивните вредности, ромскиот јазик претставува мост до разновидното наследство на ромската заедница. Поддршката за негувањето на ромскиот јазик е важна не само за зачувување на културното наследство на ромската заедница, туку претставува и начин за јакнење и збогатување на нашето мултикултурно општество. Унапредувањето на севкупниот образовен процес на децата Роми и обезбедувањето на соодветните услови е од клучно значење за натамошното негување на ромскиот јазик. Во таа насока, особено се значајни заложбите и посветеноста кон обезбедување услови за поголема институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик. Честит 5 Ноември - Светски ден на ромскиот јазик, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување