Порака од поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи по повод Курбан Бајрам

Реис ул улема на Исламската верска заедница во РМ Сулејман Реџепи по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам денеска упати порака до верниците да го минат со подадената рака, прегратката, меѓусебните посети и помирувањето.
- Драги верници, сестри и браќа, задоволство ми е да соопштам јавно дека утре го славиме празникот Курбан Бајрам.Овој празник, без сомнение е свет празник, бидејќи ја одбележува нашата верност и искреност кон Семилосниот Алах, Кој што токму воочи овој празник ја усоврши нашата вера комплетирајќи го Величествениот Куран. Курбан Бајрам, драги верници, е празник во кој што силно се пренесува пораката за Благородноста и Милоста на нашиот Творец кои што тој ги чувствува кон сите свои створенија, вели поглаварот на ИВЗ.
Честитките, додава тој, во текот на овој празник секако треба да ги одликува подадената рака, прегратката, меѓусебните посети и помирувањето.
- Канејќи ве да се молиме за здравјето на нашите браќа и сестри што се наоѓаат во светата земја извршувајќи го хаџилакот, дозволете да ви ги изразам најискрените честитки по повод Курбан Бајрам. Браќа и сестри, нека ви е среќен Курбан Бајрам, ви посакувам да си поминете среќни мигови во текот на овој празник. Со посебни желби им го честитам празникот на нашите браќа Албанци во Диаспората, како и на сите муслимани низ светот, стои во честитката од поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
Ново на Сител
-

Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
-

Струшката полиција откри три бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава
-

Додека бил на работа запалил службени материјали во метално буре, кривична за инспектор од Македонска Каменица
-

Четири лица нападнале 61-годишен маж и неговиот внук, едно лице од нив испукало со пиштол во воздух
-

ДНК-анализа: Хитлер имал генетски нарушувања што влијаеле на неговите гениталии
-

Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи
-

38-годишен скопјанец управувајќи велосипед удрил во пешак на бул.„Партизански Одреди“
-

Кремљ и испрати порака на Украина:Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко
