-->
-->
Поради замрзнување на Осломејското Езеро се одложува порибувањето
-->
– Продолжува иницијативата за второто најавено порибување на Осломејското Езеро.
Оваа иницијатива беше покрената од група ентузијасти и спортски риболовци од Кичево, кои имаат за цел ова вештачко езеро за краток период да се претвори во вистински рај за спортските риболовци и љубителите на убавата природа, иако поради ниските температури езерото замрзна.
-Порибувањето што беше најавено за почетокот на февруари поради студеното време и замрзнувањето на езерото, се одложува за еден месец, но истовреме донациите продолжуваат и во наредниот период, за сите оние кои сакаат со доброволни прилози да помогнат за купување на потребниот контигент на риби за второто порибување на оваа природна убавина на Кичево, вели Бесмир Елези, член на риболовното друштво во Кичево и додаде дека досега многу љубители на природата помогнале со доброволни прилози.
-Но, ние се надеваме и на помош од надлежното Минисерство, патем имаме и начелна согласност од Министерството за земјоделство дека ќе ни помогне во оваа наша инициатива, објасни Елези.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор