Свет
11. March 2017 - 10:02

Поради терористичка закана затворен трговски центар во Есен

Германската полиција денеска издаде наредба за затворање на еден трговски центар во градот Есен, поради „конкретни податоци за можен напад“, јави ДПА.

- Нашите истражни сознанија покажуваат дека има закана по трговскиот центар, се наведува во полициското соопштение, без да се прецизира природата на „терористичката закана“.

Според полцијата, трговскиот центар ќе остане затворен во текот на целиот ден.

Германија се наоѓа во состојба на заголемена гоотвност по серијата терористички напади во Берлин, Париз и Брисел во измитиве месеци.