Балкан
2. August 2021 - 8:36

Поради шумски пожар евакуирани жителите од неколку села на Родос

Пожар вчера изби и на грчкиот остров Родос, што и покрај сите напори на пожарникарите, огнот е вон контрола.

Граѓаните на социјалните мрежи објавија дека поради пожарот немаат електрична енергија и вода, а во делови од Родос нема сигнал за мобилните мрежи.

Поради пожарот се евакуирани жителите на неколку села од северозападниот дел на Островот.

Од пожари е зафатена речиси цела Грција, од Евија до Родос. Најпогоден е Пелопонез каде има голем шумски пожар, при што се повредени пет лица, а изгореа а десетина куќи.

Грција секое лето е зафатена од шумски пожари, но експертите предупредуваат дека глобалното затоплување ја зголемува нивната фреквенција и интензитет.

Земјата е зафатена од топлотен бран од петокот, од кога температурите се движат помеѓу 42 и 44 степени Целзиусови.