-->
-->
Поради проблеми со властите, Нејмар ќе замине од Барса?!
-->
Таткото на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Нејмар, најави дека неговиот син би можел да ја напушти Барселона.
„Ги започнавме разговорите за продолжување на договорот со Барселона, но пред тоа мора да решиме некои важни работи. Мораме да знаеме дали Шпанија ќе ни дозволи да работиме или ќе продолжи да ни прави проблеми. Доколку не добиеме нормални услови за работа тогаш ќе мора да ја напуштиме Шпанија и Барселона“, рекол Нејмар сениор.
Трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона една година е под истрага на шпанските и бразилските даночни власти. Семејството на Нејмар се товари дека затајувало данок и дека буџетите на двете држави биле оштетени за неколку милиони евра.
Властите во Бразил сметаат дека во периодот од 2011 до 2013 година Нејмар затаил данок во износ од 15 милиони евра.
Трансферот на напаѓачот од Сантос во Барселона изнесуваше 57 милиони евра, но подоцна беше откриено дека тој изнесувал многу повеќе, односно 86 милиони евра. Ова значи дека Барселона го оштетила шпанскиот буџет за сума од девет милиони евра, поради што е и казнета.
Во документите кои беа објавени стои дека Барселона покрај на Снатос и Нејмар голема сума на пари им уплатила и на родителите на Нејмар.
Според последните информации од фудбалскиот свет за Нејмар најголем интерес покажуваат англиските клубови Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари