Фудбал
11. November 2020 - 9:56

Поради повреда Барди го пропушта историскиот меч со Грузија

Еден од најдобрите македонски фудбалери, фудбалерот на Леватне, Енис Барди нема да патува за Грузија. Тој се повредил на вчерашниот последен тренинг. Тој имал сериозни проблеми во `рбетот и не можел да се движи и ќе остане хоспитализиран во клиниката Систина.

Во тимот кој ќе отшпатува нема да бидат и Кире Ристевски и Крсте Велковски поради позитивни тестови на коронавирус.

Мечот кој носи пласман на Европското првенство се игра утре во Тбилиси со почеток во 18 часот.