Живот
31. October 2017 - 14:31

Поради овие фотографии кои биле направени случајно, студентаката добила неверојатни понуди!

Студентка од Плумонт во Њу Хемпшир станала интернет сензација откако била фотографирана на еден настан во Вашингтон.

Анок Јаи (19), со потекло од Судан, минатиот викенд била на еден настан во Вашингтон, а таму сосема случајно за еден Инстаграм профил ја фотографирал фотограф кој и кажал дека нејзините фотографии можеле да станат виреални.

Всушност тоа и се случило.„Мобилниот не престана да ми вибрира цел ден“, се присетува Јаи на моментот кога сфатила дека нејзината фотографија предизвикала толкаво внимание.

- Прво помислив дека дека некој направил мем, открива за Бостон Глоб. Јаи во 2000 година со семејството се доселила од Египет. Студира биохемија, а бавењето со манекенство одсекогаш и бил далечен сон.

Дури сега по овие фотографии добила понуда од неколку агенции, а за кратко време собрала 38 илјади пратители на Инстаграм.