Македонија
2. April 2017 - 13:35

Поради ова скопјанка долго ќе лежи во затвор

 
СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба ја лиши од слобода 40-годишната С.А.Т. од Скопје која се барала за издржување на затворска казна во траење од пет години и осум месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
 
Истата била спроведена во затвор „Идризово“.