Македонија
1. February 2017 - 17:49

Поради одрон сообраќајот на дел од автопатот Катланово-Велес по една коловозна лента

Сообраќајот на патниот правец А1 Катланово – Велес кај м.в. Рајко Жинзифов поради одрон се одвива по една коловозна лента во должина од 5 – 10 метри, соопштија попладнево од ЈП „Македонија пат“.

Оттаму информираат дека на самото место се наоѓаат екипи на ЈП Македонија пат и сообраќајна полиција и оти се очекува нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.