Поради коронавирусот, животниот век во Белгија намален за пет месеци
Демографскиот институт на Белгија ги објави последните податоци за последиците од епидемијата на Ковид19 врз популацијата, од кои произлегува дека животниот век се намалува, а населението значително побавно ќе расте, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Зголемената смртност и намалените миграциски текови, што се должат на пандемијата, ќе тежат врз демографскиот биланс на Белгија оваа година, соопшти утрово Федералното биро за планирање.
Наместо планираното зголемување на населението од 50 илјади, тоа ќе порасне само за 17 илјади во 2020. Анализите покажуваат зголемување на смртноста за девет илјади лица, додека пак 87 илјади помалку мигранти ќе влезат во Белгија поради рестрикциите поврзани за пандемијата.
Ова исто така значи дека во просек животниот век во Белгија оваа година ќе се намали за пет месеци во споредба со ланската година, додека обично тој секоја година се зголемува за два и пол месеци.
Доколку епидемијата биде контрола, од другата година се очекува кривата на животниот век да се врати на предпандемскиот просек.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.