Македонија
5. November 2016 - 8:35

Поради инфаркт на пациент демолиран влезот во Ургентиот центар на ГОБ „8 Септември“

Вчера околу 18 часот на Ургентниот центар во Градската општа олница „8 септември“ со брза помош бил донесен пациент со доживеан инфаркт. И покрај 40-минутниот обид на двајца лекари специјалисти и анестзиолог да го реанимираат пациентот, кај него немало дишење ниту срцева реакција па тимот морал да констатира смрт.

По соопштувањето на веста за смртта на пациентот на роднините кои пред болницата биле собрани во прилично голем број, околу 30-тина, дошло до инцидент, објаснува директорот на болницата д-р Сашо Стојчев. 

Според него не биле нападнати лекарите туку само влезот во Ургентниот.

Починатиот бил насилно земен од болницата и однесен во непознат правец со возило без таблици.

Екипа на МВР направиле увид во болницата и во собата за реанимација каде дел од толпата влегла, испретурани се канти, истуркана опрема, вели директорот. 

Тој потенцира дека лекарите кои дневно примаат по 100 -тина пациенти постојано се изложени на притисоци и закани, дури и со пиштол, но синоќешниот настан е  преседан во кој постои директен влез на повеќе луѓе во Ургентниот центар и во собата за реанимација каде има одредени мали штети.

Идентитетот на починатиот пациент не е соопштен.