Поради чистење затворен градскиот базен во Куманово

Затворениот градски базен нема да работи една недела, почнувајќи од утре се до наредната недела поради тековно сервисно оддржување, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово кое стопанисува со базенот.
Следните седум дена, информираше директорот на претпријатието Сашо Петрушевски, ќе се врши комплетно чистење на базенот.
- Станува збор за редовно сервисно одржување кое по правилата за одржување се прави двапати годишно, а веќе поминаа шест месеци од почетокот на функционирањето. Наредните денови ќе се чисти хемиски и бактериолошки базенот, за да се заштити и со промена на водата да се врати во функција, изјави Петрушевски.
Како што најави во наредните денови во соработка со изведувачите, и подизведувачите ќе се извршат и одредени ситни промени што се значајни за тековно работење на базенот.
- Ги информираме граѓаните и пливачките клубови дека од од 1 до 8 февруари, односно од среда до следната среда нема да работи затворениот базен, додаде Петрушевски.
Тој информираше дека за пливањето постои голем интерес кај граѓаните на Куманово и дека во овој период формирани се три пливачки клубови, а надлежните најавуваат дека има и иницијатива за формирање на ватерполо клуб.
- Има најава од ватерполо Федерацијата на Македонија дека ќе биде формиран и ватерполо клуб, што беше и интерес на младите од Куманово. Со отворање на базенот сите овие предуслови ќе се исполнат, нагласи Петрушевски.
Сепак, додаде, дека приоритет и примарна дејност на базенот е правилниот психофизички развој на младите луѓе, односно на учениците од основни и средни училишта кои во одредени термини го користат базенот и со надзор на професорте по физичко образование се реализира наставата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
