Живот
22. August 2015 - 10:54

Порачала торта за својата ќерка - Нема да верувате каква добиле!

Мари Сеџи од Шкотска решила да ја израдува својата 21-годишна ќерка Лора со роденденска торта која ја нарачала специјално за неа.

Како што се договарала со слаткарката преку смс-пораки, поради една погрешна буква, целата приказна добила бизарен епилог.

Таа се брзала да ја напише пораката и да ја опише својата ќерка, за да слаткарката направи фигура што ќе личи на неа, па наместо „русокоса“ (blonde), напишала „слепа“ (blind).

1cakeblind

Со описот што Мари го испратила, стигнала и тортата. Преубава бела роденденска торта, со панделка од фондан и слепа девојка со стапче во раката. Бринета, а не русокоса.

Сестрата на Лорин, Емили нормално ја фотографирала тортата и ја објавила на социјалните мрежи, а необичното изненадување брзо станало хит на интернет.