Џет-Сет
16. March 2018 - 13:35

Популарниот турски актер се ожени во тајност со 20 години помлада, јавноста со причини е скептична за оваа двојка

Славниот турски актер Озџан Дениз, Караман од серијата „Виорот на судбината“, застана на лудот камен на 8. март. Тајно, зад ѕидините на сопствената вила, се заколна на вечна љубов на 20 години помладата избраничка Фејзи Актан.

На церемонијата на венчавка присуствуваа петнаесетина лица, семејни пријатели. Невестата наместо венчаница носеше бел фустан. Имено, убавата Фејза за месец дена треба да се породи и на свет да го донесе синот Кузеј. Освен тоа, едно се знае дека двојката нема оди веднаш на меден месец, зошто Озџан ја толкува главната улога во многу популарната серија „Невестата од Истанбул“.

Се до неодамна шармантниот актер за кој жените просто лудуваа, негуваше имиџ на млад маж, па и косата ја фарбаше црна. А од есенва, во еден момент кога се дозна дека Фејза е бремена, одлучи да престане со тоа, и сега шармира со побелена коса која навистина одлично му стои. Сето тоа помалку личи на филмот „Втора шанса“ снимен во 2016 година, во кој партнерка му беше Нурѓул Јешилчај.

Во него Озџан толкува лик на богат сопственик на ланец ресторани кој ги менува младите девојки како чорапи и панично се плаши од годините, па својот полнолетен син во јавноста го претставува како негов помлад брат. А потоа му се случува љубов и тоа со средовечна жена, па на крајот ги прифаќа своите години и побелената коса.

Секако, Фејза не е средовечна дама, а и не е срамежлива, судејќи по фотографиите, кои се објавени на Инстаграм. Затоа таблоидите се скептични кога станува збор за нивната иднина.