Џет-Сет
21. јуни 2018 - 13:16

Популарната турска пејачка застрелана во Бодрум, им подлегна на раните од куршуми во болница

Турската пејачка Хачер Тулу заедно со уште две лица е убиена во пукање во ноќен бар во Бодрум.

Според локалните медиуми четири лица отвориле оган во Клубот Паша во попуралното турско летувалиште.

40-годишната пејалка е застрелана во вкрстен оган и починала во болница и покрај обидите на лекарите да ја реанимираат.

Во нападот е убиен и Мехмед Али Суренсој,сопственик на ноќниот бар, а уште неколку лица се повредени и згрижени во болница/

Напаѓачите, според локалните медиуми се фатени и се наоѓаат во притвор во полиција во Маниса.

Пејачката Хачер во својата кариера беше успешна уште и како модел и актерка, а неколку минути пред да загина на нејзиниот Инстаграм профил објави видео од тоа како се забавува со пријателите на сцена.