Македонија
24. August 2015 - 17:25

Попоски: Влезот на Македонија во ЕУ и НАТО е во интерес и на Албанија и Бугарија

Само со координација и соработка меѓу европските и балканските земји може да се спречат последиците од миграцијата. Реката сиријци и авганистанци која извесен период го поплавува Балканот бара европски одговор. Министрите за надворешни на Македонија, Бугарија и Албанија велат дека одговорот треба да се бара со помош и координација меѓу транзит државите и земјите кои се крајна дестинација.

Покрај миграцијата, во фокусот на состанокот на министрите со македонските амбасадори, беше и евроинтеграцискиот пат на Македонија, и цврстата желба на државата за влез во ЕУ и НАТО.

Процесот на проширување на ЕУ никогаш несмее да биде затворен без присуство на земјите од Западен Балкан, дециден шефот на Бугарската дипломатија, Митов.

Според албанскиот министер за надворешни, безбедноста, мирот и стабилноста на регионот лежат во евроинтеграциите.

На амбасадорскиот совет, пред министрите и шефовите на конзуларните претставништва се обратија претседателот Иванов и премиерот Груевски.