Македонија
12. February 2017 - 21:30

Попоски - Курц: Покажавме дека Македонија и Австрија можат одлично да соработуваат

Една година по затворањето на балканската рута за бегалците, шефовите на австриската и македонска дипломатија Себастијан  Курц и Никола Поповски го посетија граничниот камен 59 на македонско-грчката граница.

Курц се заблагодари што земјава одигра клучна улога во зачувување на границте на Европа, особено што во изминатата година протокот на мигранти е намален за 98%.

Според Поповски пак Австрија е земја-членка на Европската Унијата која најмногу и помогна на земјава во моментите на справување со бегалската кризата, со што беше спречена и хуманитарна катастрофа.

Во однос на политичката криза Курц посочи дека ниту Австрија ниту Европската унија нема да се мешаат во внатрешната политика на земјава.

Останува партиите да донесат правилна одлука, да ја почитуваат волјата на граѓаните и да најдат излез од политичката криза.

Австрија и натаму останува голем пријател на Македонија, особено што двете земји имаат одлична соработка во економијата, безбедноста и борбата против насилниот екстремизам.