Поплави во Германија, најмалку четворица загинати и над 50 исчезнати | ВИДЕО
Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца пожарникари, загинаа во Германија, а околу 50 лица се водат како исчезнати откако шест куќи во регионот Ајфел се урнаа поради поројните дождови и поплавите.
Портпарол на полицијата во Кобленц потврди дека четири лица го загубиле животот. Нивните тела биле пронајдени на разни места. Други 25 куќи се изложени на ризик од уривање во областа Шулд во близина на Аденау, јави телевизијата СВР повикувајќи се на локалната полиција, пренесува Билд.
Некои места се отсечени од светот поради надојдените води. Многу граѓани се качија на покривите на своите куќи чекајќи спасувачките екипи да стигнат до нив со чамци.
Армијата е распоредена да им помага на загрозените жители, јави ДПА.
Железничкиот, речниот и друмскиот сообраќај е во прекин, а пловидбата по Рајна е прекината.
Се очекуваат денеска обилни врнежи од дожд во југозападна Германија, а дождот ќе врне до петок навечер, предупреди германската метеоролошка служба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица