Македонија
1. April 2021 - 15:28

Попладнево регистриран земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево е регистриран во близина на Мавровското Езеро.

Според информациите од ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 2 километри, а се случил точно во 15.05 часот.

Eпицентарот бил на 60 километри од Скопје и на 15 километри до Гостивар.