Македонија
29. July 2016 - 8:42

Попладне пороен дожд со грмежи - Еве какво време не очекува викендов

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 24 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, во пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

Температурата ќе достигне до 33 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во вторник кон крајот на денот и во среда повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.