Попладне почнуваат преговори меѓу Северна и Јужна Кореја
Високи претставници на двете корејски држави ќе започнат преговори денеска попладне, соопшти портпаролот на јужнокорејското претседателство, пренесува БТА.
Северна Кореја и се закани на Јужна со „тотална војна", доколку до 8.30 часот по Гринич денеска, Сеул не престане со пропагандата емитувана на звучници преку границата.
Средбата меѓу претставниците на двете корејски држави - од Јужна Кореја министерот за обединување и претседателскиот советник за национална безбедност, од Северна - висок претставник на Министерството за одбрана и секретар на Корејската работничка партија, ќе започне во 9 часот по Гринич во пограничното село Панминчжон, во демилитаризираната зона.
Амбасадорот на Северна Кореја во ОН се закани вчера со воени дејствија доколку Јужна Кореја не престане емитувањето на пропагандни пораки преку границата. - Ако Јужна Кореја не го исполни нашиот ултиматум, нашата воена реакција ќе биде неизбежна и многу силна, рече амбасадорот.
Предлогот за преговори е поднесен вчера од Северна Кореја, а Сеул одговори денеска.
Тензиите на Корејскиот полуостров нагло се зголемија откако во четвртокот двете страни разменија артилериски оган.
Ново на Сител
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година