Македонија
1. September 2016 - 8:42

Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места во попладневните часови особено ќе има повремено , краткотрајно засилен ветер и појава на град. Претежно нестабилно ќе биде на југот од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје претпладне времето ќе биде нестабилно со зголемена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Утре се очекува стабилизирање на атмосферата, но ќе има и услови за појава на краткотраен дожд особено кон југоистокот. За време на викендот ќе преовладува стабилно претежно сончево време со повисока температура.