Македонија
4. July 2017 - 12:44

Помалку запишани студенти во академската 2016/2017 година

Во Република Македонија, во академската 2016/2017 година се запишани вкупно 58.083 студенти што претставува намалување за 3 отсто во однос на претходната академска година, аоопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на запишани студенти - жени изнесува 32.297 или 55,6%. Најголем број туденти (86,6%) се запишани на државните високообразовни установи, додека 13% се запишани на приватните високообразовни установи. 

Во прва година на студии, во академската 2016/2017 година, се запишани 16.710 студенти или 28,8% (тука се опфатени и студентите кои по втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година).