Тенис
29. March 2017 - 17:53

Полуфинале за Вознијачки во Мајами

Каролине Вознијацки од Данска и Каролина Плискова од Чешка ја формираа првата полуфинална двојка на ВТА турнирот во Мајами по победата над своите ривалки во четвртфиналето.
Данската тенисерка ноќеска беше поуспешна од Луси Сафарова (Чешка) во два сета со 6:4 и 6:3.
Плискова ја совлада Мирјана Лучиќ-Барони (Хрватска) исто така со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.
Другиот полуфинален пар ќе биде познат по мечевите:
Симона Халеп (Романија) – Јохана Конта (Велика Британија) и
Венус Вилијамс (САД) – Анџелика Кербер (Германија).