-->
-->
Полубратот на Леонардо ди Каприо повторно ќе заврши во затвор
-->
Полицијата во САД го бара полубратот на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (41), откако пропуштил да се појави на закажаното судско рочиште.
Некогашниот актер Адам Фарар (44), кој го инспирирал Леонардо да почне да се занимава со актерство, не се појавил на суд за кражба и полицијата издала налог за негово апсење.
– Адам се уште бега од своите обврски и на крај повторно ќе заврши во затвор. Порано имаше проблеми со наркотиците, но вети дека ќе оттргне од зависностите. Сепак, тој го прекрши ветувањето.
На Лео му здодеа да му позајмува пари на Адам и никогаш да не му ги врати – изјавил близок извор на семејството.
Фарар е уапсен со својата девојка Черити Мур во јануари откако се обиделе да украдат роба во вредност од околу 1.000 долари. Требаше да се појави на суд на 18 февруари.
Лео и Адам заедно израснале во Лос Анџелес, откако мајката на Адам, Пеги се омажила за таткото на Ди Каприо, Џорџ. Фарар глумел во многу телевизиски серии, но неговата кариера тргнала надолу поради бројните судири со законот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори