Полска сака да го купи летниковецот на Марија Кири во Париз
Полската Влада сака да го купи летниковецот на Нобеловката Марија Скодовска-Кири, што се продава во париското предградие Сен Реми-ле-Шевро.
– Ова место е дел од полската историја!, истакна полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Идејата за купувањето се појави откако куќата беше ставена на продажба по почетна цена од 790.000 евра. Според „Ле Паризиен“, на имотот ќе му треба реновирање во вредност од најмалку 200.000 евра. Полскиот научник Марија Склодовска-Кири и нејзиниот сопруг Пјер го користеле имотот како летна куќа меѓу 1904 и 1906 година, но Мари се откажала од неа кратко откако Пјер загинал во сообраќајна несреќа.
Доколку полските власти ја купат куќата, таа ќе служи како музеј на научните достигнувања на Склодовска-Кири и нејзините сонародници, рече портпаролот на полската Влада.
Марија Склодовска е родена 1867 година во Варшава. Во 1891 година таа почнала да студира на Сорбона во Париз, а подоцна станала и француска државјанка. Таа беше првата жена што ја доби Нобеловата награда, во 1903 година – за физика, заедно со нејзиниот сопруг и Анри Бекерел, за пионерската работа во областа на радиоактивноста. Осум години подоцна, таа повторно ја доби Нобеловата награда, овојпат за хемија. Тaa е првата личност што освоила Нобелови награди во две различни категории.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација