Ракомет
3. February 2016 - 12:56

Полска домаќин на олимписките квалификации, Македонија ќе игра во Гдањск

Ракометната репрезентација на Македонија олимписките квалификации за пласман на Игрите во Рио ќе ги игра во Полска, која ќе биде домаќин. Оваа одлука е донесена на состанокот на ИХФ, а се очекува официјално да биде потврдена во текот на денешниот ден.
Иако постоеше можност и друга од земјите учеснички во групите да биде организатор како решавачки момент бил маркетинг пазарот и висината на ТВ правата, дел од категориите според кои Полска имала предност во однос на Македонија, Тунис. 
Така Полска по нешто повеќе од два месеца по организацијата на Европското првенство ќе биде организатор и на квалификациите за олимписки игри. Ова натпреварување треба да се одржи од 7 до 10.април годинава. Уште за време на одржувањето на ЕП Полската ракометна федерација најави дека ако биде домаќин на овој турнир натпреварите ќе се играат во Гдањск во „Ерго Арена“. Салата е со капацитет од 15.000 места.
Олимпискиот турнир 1 го сочинуваат репрезентациите на Полска, Македонија, Тунис и Чиле. Домаќини на другите два турнира ќе бидат Данска и Шведска.