Македонија
24. May 2016 - 16:53

Положени цвеќиња пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во Скопје

Во Македонија денеска се одбележува 24 мај - Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

По тој повод делегации на Владата и на Собранието на Република Македонија положија цвеќе пред Споменикот на Свети Кирил и Методиј на плоштадот Филип Втори во Скопје.

Цвеќе положија и делегација на Армијата на Република Македонија, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претставници на Советот на Град Скопје, на политички партии, локални самоуправи и здруженија на граѓани.

По овој повод делегација на СДСМ положи свежо цвеќе на споменикот на сесловенските просветители на платото во Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.