Половина век од спуштањето на човекот на Месечината
Во САД во изминатиот пероид со повеќе настани и пригоди се одбележува еден од најзначајните датуми во историјата на човештвото – пилотираниот лет на Месечината со вселенската мисија „Аполо-11“.
Еден од главните настани се случи синоќа во Хантсвил, во сојузната држава Алабама, каде истовремено полетаа пет илјади модели на ракети. Со ова, Вселенско-ракетниот центар на САД одбележа пет децении од лансирањето на летот на „Аполо-11“ на Месечината.
Во чест на јубилејниот датум реставриран е скафандерот во кој Нил Армстронг го направи првиот чекор. Парите за реставрација беа донирани на глобално ниво – половина милион долари беа собрани за пет дена.
Споменикот обелиск во Вашингтон синоќа светна со илустрација на 111 метри високиот шатл со ракетата „Сатурн-5“. Тродимензионалната проекција секоја вечер ќе се вклучува по два часа во чест на годишнината.
Некои медиуми ги пренесуваат зборовите на космонаутот Мајкл Колинс за спроведувањето на првата мисија на Месечината.
Стартот на ракетата „Сатурн-5“ од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида ја лансираше мисијата која се случи на 20 јули 1969 година, кога за првпат луѓе слетаа на Месечината.
Историскиот настан беше емитуван на телевизија и следен од половина милион Американци и останати жители од 33 земји на шест континенти.
Од политичкиот врв на САД успехот на мисијата беше оценет како победа во вселенската трка со поранешниот идеолошки соперник, Советскиот Сојуз.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца