Свет
25. July 2017 - 12:33

Политика на никаква политика

Монд Дипломатик - Париз

Охрабрен од изборната победа обезбедена со три милиони гласови помалку од конкурентот, претседателот Трамп ја избра Саудиска Арабија како локација да му држи лекции на Иран за недостиг на демократија.

Потоа, зборувајќи пред разгалена публика, во која некои учествуваа во пропаднатата авантура на ЦИА со цел да ја урне владата на Фидел Кастро во 1961 година, тој ја наведе „слободата за кубанскиот народ“ како негова причина повторно да воведе санкции против народот на Куба.

Неодамнешните избори во Франција можеби не изгледаат толку бизарни како овие дубиозни славења на демократијата, но близу се до нив. Двете главни партии ги избраа своите кандидати на широко дебатирани предизбори и беа исфрелни во првиот круг од Емануел Макрон, кој се расфрлаше со празни фрази, убави слики и солидна медиумска поддршка. Со избирачите кои гласаа за Марин Ле Пен, екстремно десничарскиот кандидат која беше одбиена од две третини од Французите како единствен противник на Макрон во вториот круг, неговата победа беше обезбедена.

Во тој момент, единственото нешто кое му требаше на новоизбраниот претседател „целосно за да владее“ беше парламентарно мнозинство – повеќето од нив непознати од повисоките ешалони на општеството (ниту еден од работничката класа, 46 бизнис лидери) кои му должат нему се.

Преку магијата на изборниот систем, неолибералната политика на Макрон беше поддржана со само 44,02 проценти од гласачите во првиот круг од претседателските избори, но во францускиот парламент таа ќе биде поддржана од речиси 90 проценти од пратениците.

Никогаш во историјата на француските национални избори толку мал процент од изборачи не гласале на општи избори (повеќе од 57 проценти апстинирале, во споредба со 16 проценти во 1978 година). Со овој неочекуван исход во американски стил заврши речиси непостоечката национална кампања одбележана со чести инцидентни „скандали“, ниско забележани Вотергејти кои медиумите бегло ги одбележаа, најверојатно како компензација за големата поддршка која му ја дадоа на Макрон.

Кога политиката е сведена на компаративни листи со мали гревови на политичарите, дали треба да изненадува што има толку многу нови лица меѓу парламентарците? Можеби постои покорисен начин да се зајакне смислата на овој помалку од сјаен систем, но нема шанси да се одлучува за стратешките економски решенија, кои беа оставени на извршната власт и на Европската комисија.

Приказната за кандидатот кој беше нокаутиран додека ја водеше кампањата три дена беше во целосен фокус на медиумите, конкурирајќи му на 30 години стар криминален случај кој се појави во истото време. Истовремено, политиките на ЕУ, грчката должничка криза, вонредната состојба во Франција и военото француско ангажирање во Африка и на Блискиот Исток, беа едвај спомнати.

Она што Пјер Бирие го нарекува „политика на деполитизација и демобилизација“, тука беше реален победник, но битката само што започна.