Политички реакции за пресудата во случајот „Рекет“
И по втората пресудата за случајот „Рекет“ продолжуваат обвинувањата меѓу власта и опозицијата за тоа кој и на кој начин бил поврзан со осудените.
Опозицијата прстот го впери во првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, чие име на суд го изговори и осудениот Бојан Јовановски, истакнувајќи дека парите завршиле кај него. Барааат обвинителството кривично да го гони Заев.
Дека секој треба да биде изведен пред лицето на правдата се согласува и власта. По примерот на „Рекет“, да има судска разврска и за случајот „Талит“ и „Империја“, велат од СДСМ.
Инаку Заев негираше дека парите од рекетот завршиле кај него. Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес, изјавил Заев за „Фокус“.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар