Македонија
8. May 2020 - 16:46

Полицискиот час за викенд ќе почнува во 19 часот - еден починат, 19 новозаболени, 20 оздравени

Викендот граѓаните ќе имаат повеќе часови за движење надвор. Полицискиот час ќе почнува од 19 часот навечер и ќе трае до 5 часот изутрина. Здравствените власти процениле дека треба да ги намалат рестриктивните мерки бидејќи статистиката  покажува повеќе оздравени од новозаболени со корона вирусот. Но Филипче со порака дека сите мора да ги почитуваат мерките од светото тројство – носење маска, миење на раце и одржување на дистанца.

Покрај полицискиот час кој освен кај нас е укинат во сите земји од регионот, надлежните најавуваат етапно олабавување и на останатите забрани кои беа воведени изминатите два месеци. На утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе расправаат дали од наредната недела ќе почнат со работа кладилници, автошколи и угостителски објекти. 

Денешниот здравствен билтен е со 20 оздравени и еден смртен случај. Починал 61 годишен тетовец, кој пред десет дена бил хоспитализиран во ГОБ 8-ми септември. Изминатите 24 часа во ИЈЗ регистрирале 14 новозаболени од кои 6 во Велес, 5 во Скопје, двајца во прилеп и еден во Тетово. На респираторни машини се шестмина заболени со Ковид-19 а на кислородна поддршка има 16 пациенти кои се хопитализирани на Клиниката за инфективни болести.