Полицискиот час викендов од 19 до 5 часот
За разлика од претходниот, граѓаните овој викенд ќе го поминат со поголема слобода на движење. Полицискиот час денеска и утре за сите граѓани на територија на целата држава почнува од 19 часот навечер, а ќе трае до 05 часот наутро.
Согласно одлуката на Владата, сите млади лица под 18 години денеска и утре ќе можат да се движат од 13 до 19 часот.
Возрасните граѓани над 67 години, ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.
Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека од понеделник е можно олабавување на мерките. Сепак, за ова поконкретно ќе се одлучува денеска на состанокот на Комисијата за заразни болести, и на централниот Штаб на Владата.
По состанокот конкретно ќе се димензионираат мерките, и ќе се знае кои субјекти ќе можат први да отворат.
Автошколи и сите оние кои организираат едукации или курсеви би биле првите што ќе почнат со работа.
Приоритет ќе имаат сите оние кои можат лесно да воспостават ред, дистанца, дезинфекција, носење маски, но и оние кои ќе воспостават шалтерски систем. Се размислува да се дозволат и индивидуалните спортови.
Сепак, како што истакна Филипче, враќањето во нормала најмногу ќе зависи од бројките на новодијагностицирани.
Ако денешната бројка на новодијагностицирани е повторно онаква како што покажува трендот од изминативе две недели, според Филипче, таа би се толкувала како варијација и во тој случај, ќе биде препорачано постепено отворање на институциите.
– Од тоа што ќе покажат резултатите од денешните тестирања, дали ќе има помал или поголем број новодијагностицирани заразрени со коронавирусот ќе зависи димензионирањето на натамошните мерки и постепеното отворање на економијата, истакна во текот на вчерашниот ден министерот за здравство, Венко Филипче.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација