Македонија
28. March 2021 - 11:28

Полицискиот час го прекршиле 22 лица

Од 22.00 часот синоќа до 5.00 часот утрово констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Македонија, за мерката за задолжително носење лична заштита на лице, регистрирани се 657 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.