Македонија
5. December 2019 - 10:39

Полициски претреси во Сарај и Глумово, приведени две лица поради дрога

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривични пријави против Р.П.(38) од с.Сарај-скопско и Б.С.(37) од с.Глумово-скопско поради постоење основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Вчера во 07,00 часот, по претходно добиена судска наредба, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија извршиле претрес во домот на Б.С.(37) при што бил пронајден кокаин.

Истиот ден во 07,30 часот при извршен претрес со судска наредба во домот на Р.П.(38) била пронајдена и одземена марихуана и семки од марихуана.

Двете лица биле лишени од слобода и од Судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор.