Свет
16. August 2016 - 11:02

Полициски час за тинејџерите во Милвоки

По нередот кој се случи минатиот викенд поради убиството на еден Афроамериканец, во американскиот град Милвоки воведен е полициски час за тинејџери, соопштија денеска локалните власти. 

Градоначалникот на Милвоки, Том Барет, на прес-конференцијата најави забрана за излез на улица по 22 часот за лица помлади од 18 години. 

- Ќе се погрижиме редот и мирот да се вратат во овој кварт, истакна Барет. 

Во саботата полицијата во Милвоки го убие Сајлвил Смит, за кого тврди дека бил вооружен.

Поради овој настан се создаде револт меѓу жителите, воглавно поради претходните низ инциденти во кои полицајците убивале Афроамериканци, по што група од околу 200 лица излегоа на улиците да го искажат револтот преку насилство и повредија седум полицајци.