Свет
29. May 2019 - 8:17

Полициска операција во Бразил - приведени најмалку илјада лица

Бразилската полиција спроведе голема операција за превенција на убиства во речиси сите држави. За еден ден приведени се 968 осомничени, според полицијата.

Од нив 56 лица се осомничени за убиство по домашно насилство.

Акцијата е втора фаза од т.н. операција Кронос. Во секоја држава полицијата споделува и објавува во реално време своја работа на социјални мрежи преку снимки и видео клипови. За време на првата фаза од август минатата година, полицијата уапси околу 3.000 лица обвинети за убиства по домашно насилство.